Кина остро го осуди терористичкиот напад во Кабул и нагласи дека се надева оти авганистанската влада може да ги заштити граѓаните на сите земји, вклучително и Кина, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.
Loading...
Според Ројтерс, бомбаш самоубиец уби најмалку пет лица пред авганистанското Министерство за надворешни работи во средата, соопшти полицијата, а блиската болница соопшти дека најмалку 40 луѓе се ранети.
– Како што дознаваме, ниту еден кинески државјанин не е убиен или ранет во овој терористички напад – изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, запрашан да одговори дали бомбашот наводно целел на кинеската делегација.