Двајца четириесет и петгодишници, едниот од Штип, вториот од Куманово биле приведени при обид за кражба.
Loading...
– На 11.01.2023 година во 22.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.М. (45) од Штип и С.С. (45) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Како што појаснуваат од полицијата, тие биле затекнати при обид да одземат материјали од објект во изградба на улицата „Доктор Рибар“ Куманово.
Истите биле приведени во полициска станица и против нив ќе следуваат соодветни пријави.
Никола Ивановски