Републиканците во Претставничкиот дом започнуваат истрага против Бајден

Сподели со своите пријатели

Новоформираното републиканско мнозинство во Претставничкиот дом на САД отвори долго ветена истрага против американскиот претседател Џозеф Бајден и неговото семејство.

Loading...

Републиканците во Долниот дом на Конгресот сега имаат четири места повеќе од демократите, па може да побараат информации од американското Министерство за финансии и од поранешните функционери на Твитер како подготовка за јавни расправи, пренесува Танјуг.

„Сега кога демократите немаат единствена контрола во Вашингтон, доаѓа надзорот и одговорноста“, рече републиканскиот конгресмен Џејмс Комер, претседател на Комисијата за надзор на Претставничкиот дом.

Овој комитет испрати серија писма до Министерството за финансии во кои бараше информации во врска со финансиските трансакции на семејството Бајден кои може да се сметаат за сомнителни активности.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Закерберг: Администрацијата на Бајден нѐ притискаше да ја отстраниме содржина за нуспојавите од вакцината

Пресметка со Белата куќа

Републиканските конгресмени, исто така, бараат сведочење од повеќе функционери на Твитер вклучени во справувањето на компанијата со таблоидната приказна на Њујорк Пост од октомври 2020 година за Хутер Бајден, помладиот син на претседателот.

Републиканците тврдат дека ширењето на приказната било потиснато од политички причини.

Постапувајќи така брзо по преземањето на контролата врз Претставничкиот дом, републиканците се подготвуваат за хаотична, политички експлозивна пресметка со Белата куќа пред претседателските избори во 2024 година.

Од Министерството за финансии не сакаа да го коментираат барањето на републиканците.

Loading...