Благ пораст на водостојот на Пчиња

Сподели со своите пријатели

Реката Пчиња бележи благ пораст на водостојот денеска по врнежите од дожд од изминатите два дена.

Loading...

Според мерењата извршени утринава од Управата за хидрометеоролошки работи на мерната станица во селото Пелинце, Пчиња пораснала за 15 сантиметри последното деноноќие.

Односно вчера наутро биле измерени 28 сантиметри, а утринава 43.

Сепак тоа и натаму е под просекот за овој период од годината кој изнесува 53 сантиметри.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Детска претстава и концерт на Дарко Тодоровски утре во Занаетчискиот дом