Иран денеска објави дека осудил притворен белгиски државјанин на 40 години затвор за наводна шпионажа, соработка со САД против Техеран и перење пари, објави полуофицијалната новинска агенција Тасним.
Loading...
Агенцијата наведе дека Белгиецот ќе добие и 74 удари со камшик.
Осудениот Белгиец е хуманитарниот работник Оливие Вандекастел, кој беше уапсен во февруари и ги отфрли сите обвиненија против него, објави Ројтерс.