Шолц го осуди Иран за употреба на смртна казна против демонстрантите

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц во понеделникот го осуди Иран за употреба на смртна казна против демонстрантите, а неговиот портпарол рече дека Берлин сака да го зголеми притисокот врз иранските власти со нови меѓународни мерки.

Loading...

Иран обеси двајца мажи во саботата за наводно убиство на безбедносните сили за време на националните протести кои уследија по смртта на 22-годишниот ирански Курд Махса Амини на 16 септември, што наиде на осуда од Европската унија, САД и другите западни земји.

– Со егзекуциите, иранскиот режим ја користи смртната казна како средство за репресија. Страшно е – напиша Шолц на Твитер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Новиот сириски министер за надворешни работи му порача на Иран да не шири хаос во Сирија

Тој рече дека Иран треба да се воздржи од понатамошни егзекуции по убиствата на 22-годишниот Мохамад Мехди Карами и 39-годишниот Сејед Мохамад Хосеини, чија смрт го зголеми бројот на егзекуции поврзани со протестите на четири.

– Заедно со нашите меѓународни партнери дополнително ќе го зголемиме притисокот врз иранскиот режим – рече владиниот портпарол на редовната прес-конференција, додавајќи дека Иран мора да сфати дека ќе има цена за продолжување на репресијата.

Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи изјави дека целта е да се договори четвртиот пакет санкции со другите земји-членки на Европската унија како одговор на задушувањето на демонстрантите, пренесува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Новиот сириски министер за надворешни работи му порача на Иран да не шири хаос во Сирија