Папата Франциск денеска за првпат го осуди егзекуцијата на демонстранти во Иран и побара поголемо почитување на правата на жените во таа земја во своето традиционално новогодишно обраќање пред дипломатите.
Папата оцени дека војната во Украина е „злосторство против Бога и човештвото“.
Во говорот пред дипломатите акредитирани во Ватикан, Папата апелираше до оние кои имаат политичка одговорност да ги заштитат правата на најслабите и повторно предупреди за заканата од нуклеарен конфликт, истовремено повикувајќи на целосно укинување на нуклеарното оружје, пренесе Ројтерс.
Папата истакна дека правото на живот е загрозено дури и во оние земји каде се уште се изрекува смртна казна, како што е случајот деновиве со учесниците на демонстрациите во Иран, каде што беа егзекутирани четворица демонстранти за учество во протестите, потсетува британската агенција.
Папата го повтори апелот за укинување на смртната казна до светот, посочувајќи дека изрекувањето на таква казна е недозволиво бидејќи се заканува на неповредливоста и достоинството на личноста.
Тој го оцени исклучувањето на жените од образовниот систем во Авганистан.