Гутереш: Оваа година ни треба мир повеќе од кога било

Сподели со своите пријатели

Во 2023 година ни треба мир повеќе од кога било, порача генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш во својата новогодишна порака и истакна дека ни треба мир меѓу себе, со природата и климата, дома.

Loading...

Ни треба мир на улиците и заедниците, со целосна заштита на сите човекови права, во светилишта, со почитување на верувањата меѓусебно, како и мир на интернет, без говор на омраза и злоупотреба, нагласи Гутереш.

„Во 2023 година да го ставиме мирот во срцето на нашите зборови и дела. Заедно да ја направиме 2023 година кога мирот ќе биде вратен во нашите животи, нашите домови и нашиот свет“, рече генералниот секретар на ОН.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Билансот на масакрот во Шведска: 11 мртви

Тој рече дека секоја Нова Година е момент на повторно раѓање, да се избрише пепелта од старата година и да се подготвиме за посветлен ден, а дека во 2022 година милиони луѓе ширум светот буквално ја збришале пепелта.

Гутереш изјави дека од Украина до Авганистан до Демократска Република Конго и пошироко, луѓето ги напуштиле урнатините на своите домови и животи во потрага по нешто подобро и дека ширум светот, 100 милиони луѓе се во движење, бегајќи од војни, пожари, суши, сиромаштија и глад.