Лидерот на левицата Луис Инасио Лула да Силва ќе положи заклетва како нов претседател на Бразил во недела во услови на засилени безбедносни мерки по заканите за насилство од приврзаниците на неговиот десничарски претходник Жаир Болсонаро.
Церемонијата на полагање заклетва во Конгресот започнува во три попладне по локално време (19 часот по средноевропско време), по што Лула ќе ја облече претседателската лента во палатата Планалто пред 30.000 поддржувачи.
Се очекува околу 300.000 луѓе да го прослават неговото устоличување како претседател на главната авенија во Бразилија.
Лула (77) тесно го победи Болсонаро на изборите во октомври за да го добие својот трет претседателски мандат по пауза во која тој дури заврши во затвор по пресудата за корупција, но сите обвиненија беа отфрлени.
Во претходните години, како претседател на Работничката партија од 2003 до 2010 година, синдикалниот лидер извлече милиони Бразилци од сиромаштија за време на бум на пазарот на стоки што ја зајакна економијата.
Сега тој е соочен со тежок предизвик да ја закрепне стагнантната економија и во исто време да ја обедини поделената земја, наследството на неговиот претходник Болсонаро.
Од Лула се очекува многу. Ќе има тешка задача во Бразил да ја врати нормалност и предвидливоста, но пред се ќе мора брзо да испорача резултати од својата политика за подобрување на кфалитетот на животот на сонародниците, вели аналитичарот Креомар де Соуза.
Болсонаро го напушти Бразил во петокот, избегнувајќи примопредавање
Болсонаро го напушти Бразил во петокот и избегна да му ја предаде власта на својот ривал, чија победа допрва треба да биде признаена.
Неговите поддржувачи протестираат веќе два месеци и тврдат дека изборите се украдени и бараат воен удар за да се спречи враќањето на Лула на чело на државата.
Во атмосфера на вандализам и насилство, приврзаник на Болсонаро беше уапсен бидејќи постави бомба во камион со керозин на влезот на аеродромот во Бразилија.
Затоа, 10.000 полицајци и војници се распоредени во градот за неделната инаугурација.
Во петокот, пред да замине за Флорида, Болсонаро го осуди бомбашкиот напад како „терористички чин“, но ги пофали демонстрантите собрани пред касарните низ целата земја.
Според организаторите, на церемонијата на инаугурацијата на Лула доаѓаат делегации од 50 земји и 19 шефови на држави и влади, меѓу кои и кралот на Шпанија.