Путин одобри подмирување на долговите за рускиот гас во странска валута

Сподели со своите пријатели

Русија ќе им дозволи на земјите да ги подмират долговите за снабдување со руски гас во странска валута, благодарение на одлуката што ја донесе рускиот претседател Владимир Путин во петокот, со која се укина претходната уредба за плаќање исклучиво во рубли.

Loading...

Во документот се појаснува и дека подмирувањето на долговите не подразбира автоматски продолжување на испраќањето руски гас до земјите должници. Иако е дозволено подмирување на долговите во странска валута, одлуката на Путин не ја менува претходната уредба за плаќање во рубљи за евентуални испораки на нови количини руски гас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Генерал предупредува: Руските сили успешно се вооружуваат, би можеле да нападнат членка на НАТО

Путин го потпиша споменатиот декрет во март, принудувајќи ги европските клиенти да отворат сметки во рубљата кај Газпромбанк и да плаќаат руски гас во руска валута.

Снабдувањето со гас е прекинато за некои компании и за некои земји, како Полска и Финска, кои одбија да се согласат со такви услови.