Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово од каде потенцираат дека се завршени сите потребни проверки.
– Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје и Куманово по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, стои во соопштението.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
Никола Ивановски