Израелските лекари ветија дека нема да има дискриминација на ЛГБТК пациентите

Сподели со своите пријатели

Најголемиот израелски медицински центар и здравствените работници од болниците низ Израел се изјаснија против изјавите на сојузниците на идниот премиер Бенјамин Нетанјаху кои повикаа на легализирање на дискриминацијата на ЛГБТК луѓето во болниците.

Оваа недела, политичарите од екстремно десничарската партија Религиозен ционизам побараа дискриминација на ЛГБТК заедницата не само во здравствените установи, туку и во хотелите и бизнисите.

Новата влада на Нетанјаху, која ќе положи заклетва во четврток, е најдесничарската во историјата на Израел, а покрај неговата конзервативна Ликуд, ги вклучува и ултрадесничарските и ултраортодоксните еврејски партии.

Оваа недела, двајца членови на Религиозниот ционизам рекоа дека нивната партија се обидува да го промени законот за антидискриминација за да им дозволи на компаниите и лекарите да ги одбијат услугите на членовите на ЛГБТК заедницата врз основа на религиозни убедувања.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Самитот COP30 продолжен бидејќи нема консензус

Орит Страк рече дека нејзината партија се обидува да го измени тој закон за да им дозволи на давателите на религиозна здравствена заштита да одбиваат третман на ЛГБТК пациенти „се додека има доволно други лекари за да обезбедат нега“.

Медицинскиот центар Шеба во понеделникот објави видео на Инстаграм од здравствени работници низ целата земја во кое пишува: „Ние ги третираме сите“.

Слични изјави дадоа лекарите и членовите на одборот во Медицинскиот центар Рамбам во Хаифа и болницата Барзилаи во Ашкелон.

Нетанјаху подоцна ја прекори пратеничката Орит Штрак за нејзината изјава и вети дека новата влада нема да ги скрати правата на ЛГБТК заедницата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Франција прогласи тревога, се очекува голема количина снег

Дури и еден весник поврзан со една од партиите на ултраортодоксните Евреи објави против политичарите од религиозниот ционизам, оценувајќи дека тие „го клеветат јудаизмот ширум светот“ и ја претставуваат новата влада како „онаа што ги прогонува Арапите, малцинствата и ги дискриминира луѓето на основа на религијата“.

Неколку израелски компании најавија дека нема да соработуваат со оние кои ги дискриминираат клиентите на верска основа.

Дисконт банката, трета по големина во Израел, објави дека нејзиниот менаџмент одлучил да не дава заеми на оние кои ги дискриминираат клиентите врз основа на религија, раса, пол или сексуална ориентација.

Виз, израелска компанија за сајбер безбедност, изрази сериозна загриженост за изјавите на политичар од партијата Религиозен ционизам и најави дека ќе бара компаниите што ги бараат нејзините услуги да не ги дискриминираат своите клиенти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вооружени лица киднапираа најмалку 227 ученици и наставници во Нигерија