Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави дека патниците од Кина ќе мора да бидат негативни за коронавирусот при влез во Јапонија, поради наглото ширење на болеста во Кина.
Loading...
Доколку се утврди дека се заразени со вирусот, патниците од Кина ќе мора да поминат седум дена во карантин, изјави Кишида на новинарите, прецизирајќи дека овие мерки ќе стапат на сила во петок на полноќ.
Кишида изјави и дека јапонската влада ќе ги ограничи барањата на авиокомпаниите за зголемување на бројот на летови до Кина, пренесува Ројтерс.
По повеќе од две години строги мерки поврзани со пандемијата на коронавирус, Јапонија ги отвори своите граници за туристи во октомври.