Самир Салиевски од Куманово од вчера се води за исчезнат, а информацијата денеска со медиумите ја сподели неговото семејство.
Тие со јавноста споделија и фотографија и апелираат доколку некој го препознае веднаш да се јави на телефонот 071 329 068 или во полициската станица.
– Се молат сите граѓани доколку имаат било каква информација во врска со оваа лице да пријават во најблиската полициска станица или на контакт телефон 071 329 068. Последен пат бил виден на патот кон кумановската населбата Доброшане, велат од семејството.
Случајот го потврдија и од Секторот за внатрешни работи Куманово од каде велат дека се работи на пронаоѓање на лицето.
– На 25.12.2022 во 22.00 часот во СВР Куманово, С.С.(21) од Куманово пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот брат С.С.(35) од Куманово, велат од кумановската полиција.
Никола Ивановски