Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека западните земји наскоро ќе се соочат со ситуација во која нивната способност да „управуваат“ со глобалната економија ќе биде значително намалена.
Loading...
Лавров на работна средба со претставници на руските медиуми посочил дека во тој случај западните земји ќе мора да преговараат, како што рече, сакале или не, пренесе агенцијата ТАСС.
„Во блиска иднина ќе видиме намалување на способноста на Западот, многу сериозно намалување на способноста да управува со светската економија онака како што сакаат, и сакале или не, ќе мора да преговараат“, рече Лавров.