Кумановскиот средношколски пленум организира голем средношколски собир под мотото „Заедно за подобро образование“, на кој ќе го искажат своето незадоволство од екстерното тестирање.
Сведоци сме за големото незадоволство од страна на учениците и наставниците. Уште на самиот почеток, целиот систем падна, па моравме да чекаме со чоасови тестот да започне. Ова само говори за техничката неиздржливост на овој систем. Нема да дозволиме ваков еден небулозен проект да продолжи да функционира и покдрај многуте обиди на средношколскиот пленум да укаже на проблемит – стои во соопштението на пленумот.