Руската телевизиска станица „Раша тудеј“, која е под контрола на Кремљ, објави видео со „божиќни честитки“ до Европејците.
Новинарот на БиБиСи, Френсис Стар, кој ги следи руските државни медиуми, го објави на Твитер:
„О боже. Руската државна телевизија има божиќна порака за Европејците“, напиша Стар на Твитер покрај видеото.
Видеото прикажува три Божиќи во едно семејство во Европа. Вака Russia Today го прикажува Божиќ во семеен дом во Европа со многу светилки, светла кои светат на елката. Родители ѝ подаруваат на својата воодушевена ќерка хрчак за Божиќ. Потоа го прикажува Божиќ оваа година, во кој семејството е во полумрак, а таткото користи тркало од хрчак за да ги напојува божиќните светилки.
Темната визија на руската државна телевизија
Сепак, Russia Today ја замислува најмрачната иднина за Европа за Божиќ во 2023 година, кога таткото и ќерката седат на празничната маса во капи и капути, а мајката ќе послужи оброк кој, најблаго речено, не изгледа апетитивно.
Излегува дека таа зготвила хрчак за Божиќ, кој нејзините ќерки ѝ го подариле во 2021 година.
Пропагандното парче завршува со пораката: „Среќен антируски Божиќ! Ако вашите медиуми не ви кажуваат каде оди ова, Russia Today е достапна преку VPN“.