Какво време ќе имаме викендов во Куманово?

Сподели со своите пријатели

Утринава низ Македонија по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме магловито утро, додека во текот на денот нѐ очекува сончево време со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Едно лице повредено, помошна просторија изгоре во Перо Чичо (ФОТО)

Температурата ќе се движи во интервал од -2 степени во текот на утринските часови до максимални 8 во текот на денот.

Loading...

 

 

Утре во кумановско ќе имаме повторно претежно сончево време со мала до умерен облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се движи околу нулата, а максималната дневна се очекува да достигне до деветиот степен.

 

 

Loading...

Во недела нѐ очекува сончево време со слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу два степени под нулата, додека дневниот максимум се очекува да достигне до 11 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  11 пожари за еден час избувнаа во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

 

 

Според сегашните најави на метеоролозите до крајот на годината не се очекува позначителна промена на временската состојба, ниту врнежи од дожд или снег.

Никола Ивановски