„Дедо Мраз на мотор“ утре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Манифестацијата „Дедо мраз на мотор“ утре ќе ја донесе новогодишната магија во Куманово.

Loading...

Настанот го организира Мото клуб „Мечки“ од Куманово под мотото „Тажните најубаво се смеат“, а целта освен да се допринесе за новогодишната магија е да се достават подароци за штитениците од Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост.

Сите моторџии во 11 часот ќе се соберат на Градскиот плоштад во Куманово.

– Во 11-часот ќе бидеме на градскиот плоштад Куманово со нашите пријатели на мотор маскирани како Дедомразовци, како секогаш ќе поделиме изненадувања за најмалите, во 11:45часот тргнуваме од плоштадот со мало дефиле низ улиците за да во 12:00 часот ќе бидеме пред дневниот центар за лица со посебни потреби каде на штитениците на дневниот центар ќе им поделиме подароци и пакетчиња, велат од Мото клуб „Мечки“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куќи, помошни простории, ниви, лозови насади опожарени во Четирце (ФОТО)

Никола Ивановски