Зеленски му подари медал на Бајден: Украински крст за воени заслуги му испрати капетан

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази благодарност до американското раководство и народ за поддршката на неговата земја и на претседателот Џозеф Бајден на средбата во Белата куќа му врачи воен медал.

Loading...

-Пред се, благодарам. Голема чест е да се биде овде – му рекол тој на Бајден на состанокот во Овалната соба.

Зеленски изјави дека сака порано да дојде во САД и им се заблагодари на Бајден, американскиот Конгрес и обичните Американци за поддршката.

Тој на Бајден му го подари украинскиот крст за воени заслуги, кој беше испратен од одликуван капетан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров: Москва ќе ги брани своите интереси на Арктикот

Бајден ветил дека на тој капетан ќе му испрати командна монета од военото поле во Ирак, каде што се борел неговиот син Бо.

Зеленски пристигна во Белата куќа со црн автомобил со затемнети стакла, облечен во неговиот препознатлив маслинесто зелен џемпер и панталони.

За време на фотографирањето тој застана меѓу Бајден и неговата сопруга Џил, а потоа американскиот претседател го прегрна и го одведе во Белата куќа.

Тие подоцна одржаа и заедничка прес-конференција.

Loading...