Медведев во Пекинг му ја пренесе пораката од Путин на Си Џинпинг

Сподели со своите пријатели

Заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев во Пекинг се сретна со кинескиот лидер Си Џинпинг, соопшти Советот за безбедност.

Во соопштението се наведува дека Медведев на кинескиот лидер му пренел порака од рускиот претседател Владимир Путин.

Во соопштението се нагласува дека пораката укажува на невидено ниво на дијалог и соработка меѓу двете земји и изразена увереност во натамошниот развој на меѓудржавните односи.

Медведев му честиташе на Си Џинпинг за неговиот реизбор за кинески лидер и истакна дека разговарале за прашањата за соработката меѓу партијата Единствена Русија и Комунистичката партија на Кина, како и меѓународните прашања, како што е конфликтот во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јужна Кореја крена борбени авиони, руски и кинески авиони влегоа во нивната зона на воздушна одбрана

„Разговорите со Си Џинпинг беа многу корисни“, нагласи Медведев.