Вечерва почнува зимата

Сподели со своите пријатели

– Зимата во Македонија и на северната хемисфера на Земјата календарски почнува вечер во 22 часот и 48 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почнува летото.

Loading...

На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга. Сонцето изгреа во 6 часот и 58 минути, а ќе зајде во 16 часот и 5 минути. Денов трае 9 часа и 7 минути.

Денеска е 355-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 10 дена.

Зимата ќе трае 88 дена, 23 часа и 36 минути, до 20 март 2023 година, кога на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната есента.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Голема штета предизвика пожарот во кумановско „Палестина“ (ВИДЕО)

Метеоролозите за првиот зимски ден најавија сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.