Над 30 лица почина од труење со алкохол во Индија

Сподели со своите пријатели

Најмалку 31 лице починале, а 20 се хоспитализирани во тешка состојба, бидејќи наводно пиеле токсичен пијалак продаден без дозвола во источна Индија, соопштија властите.

Loading...

Смртта се случила во вторникот и средата, а жртвите биле од три села во областа Саран во државата Бихар, каде што е забрането производството, продажбата и консумирањето алкохол.

Продажбата и консумирањето алкохол беше забранета во Бихар во 2016 година, откако женските групи започнаа кампања за да ги спречат сиромашните работници да ги трошат своите скудни приходи на алкохол.

Полицијата соопшти дека некои од 20-те пациенти кои биле на третман биле заслепени од токсините во пијалокот.

Неколку опозициски партии, вклучително и хинду националистичката партија Бхаратија Џаната, протестираа пред зградата на парламентот барајќи укинување на забраната за алкохол и обезбедување парична отштета за семејствата на загинатите.

Три лица се приведени на распит поради наводна продажба на нелегално произведен алкохол во околината.

Смртните случаи предизвикани од нелегално произведен алкохол се вообичаени во Индија, каде што таквите пијалоци се евтини, но содржат хемикалии како што се пестициди.

Најмалку 28 лица починаа, а 60 се разболеа откако конзумирале токсичен алкохол во западната индиска држава Гуџарат претходно оваа година.

Loading...

Во северната индиска држава Пенџаб, најмалку 120 луѓе починаа од овие причини.