Пекинг: Кина ќе го надмине врвот на епидемијата на Ковид 19

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, денеска изјави дека Кина има институционални предности во борбата против вирусот Ковид-19, откако САД најавија дека би можеле да пружат помош во случај на евентуално зголемување на бројот на заразени доколку тоа го побара Пекинг.

Loading...

Кина денеска ја забрза вакцинацијата на најранливата популација за да биде поподготвена да се соочи со бранот заразени со Ковид19, а некои аналитичари проценуваат дека поради олеснување на строгите мерки против вирусот ќе се зголеми бројот на смртни случаи, објави Ројтерс. .

Агенцијата потсетува дека минатата недела Пекинг почна да ја укинува политиката на нулта толеранција за Ковид19.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јапонската влада одлучна: Смртната казна останува