Во несреќата во која се судрија трамвај и автобус во квартот Ејупсултан во Истанбул, повредени се 19 лица, од кои четворица потешко.
Loading...
По несреќата на местото на настанот се испратени голем број медицински, полициски и противпожарни возила.
По судирот трамвајот излетал од шините, а автобусот удрил во друго возило на патот. Повредените со возило на брза помош се пренесени во болниците.
Продолжува работата на отстранување на автобусот со помош на кран и шлепер.
Селахатин Шахин, кој работи на блискиот паркинг, рече дека видел како трамвајот го преполовил автобусот.
Еден од очевидците на несреќата, Мелих Картал, изјави дека се слушнал силен удар, а излегле надвор мислејќи дека е земјотрес.