Експлозија и пожар имало во турското пристаниште Самсун.
Во гаснењето на пожарот учествувале голем број пожарникари за да се избегне негово ширење и можно влијание врз животната средина, јавуваат турските медиуми.
#Samsun Limanında patlama
Olay yerinden ilk görüntüler
— Ankara Masası (@AnkaraMasasi) December 2, 2022
Пристаништето Самсун е најголемото турско пристаниште на Црното Море.
Гувернерот на провинцијата Самсун Зилкиф Дагли изјави дека експлозијата се случила во танкер за рафинирана нафта лоциран во пристаништето.
Samsun Limanında henüz bilinmeyen nedenle bir patlama meydana geldi. Patlama sonrası yangın çıkan liman sahasına itfaiye ekipleri sevk edildi.#samsun #haberler #patlama #sondakika pic.twitter.com/2ZtpRJ58aR
— Atakent Gazetesi (@GazeteAtakent) December 2, 2022
Според него, причината е прегревање на резервоарот, а пожарот брзо бил локализиран.
Истрагата сѐ уште е во тек. Нема информации за загинати и повредени.