Советникот на Зеленски тврди дека загинале 10.000 до 13.000 украински војници

Сподели со своите пријатели

Најмногу 13.000 украински војници загинале од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари, изјави советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Loading...

„Имаме официјални проценки од Генералштабот. Тие се движат од 10.000 до 13.000 мртви“, изјави денеска Михаил Подољак за украинскиот канал 24.

Според неговите зборови, шефот на државата ќе ги објави официјалните податоци „кога ќе биде вистинското време“.

Кога се водеа борби околу Луганск во источна Украина во јуни, Зеленски рече дека „од 60 до 100 украински војници умираат во акција секој ден“.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во септември изјави дека 5.937 руски војници загинале од почетокот на конфликтот на 24 февруари.

Двете страни се осомничени дека ги потценувале жртвите за да го одржат моралот меѓу војниците.

Началникот на Генералштабот на американската армија, генерал Марк Мили, во ноември процени дека повеќе од 100.000 руски војници се убиени или ранети од почетокот на инвазијата и дека загубите најверојатно ќе бидат слични на украинската страна.