Кое е најпопуларното презиме во Македонија?

Сподели со своите пријатели

Веб-страницата Terrible Maps објави мапа на најчестите презимиња во европските земји.

Loading...

Според оваа карта, најчесто презиме во Македонија е Стојановски.

Од земјите во регионот, во Србија е Јовановиќ, во Босна и Херцеговина најчесто презиме е Хоџиќ, додека во Хрватска најбројни се оние кои го носат презимето Хорват.

Словенија има најмногу Новак, а Црна Гора има најмногу Поповиќ.

Според коментарите под објавата, може да се види дека луѓето се забавуваат со тоа што во Исланд нема презимиња како такви, туку дека децата го добиваат името на нивниот татко со додавање на -sson за синови и -dottir за ќерки.