Минимално покачување на водостојот на реката Пчиња

Сподели со своите пријатели

За шест сантиметри е поголем водостојот на реката Пчиња во текот на последното деноноќие, покажуваат мерните инструменти на Управата за хидрометеоролошки работи псотавени кај Катлановска бања.

Во периодот од 22-4и до 25-ти јануари водостојот постепено се намалувал, за да со зголемувањето на температурите и топењето на снегот повторно започне да се покачува водостојот од 25-ти заклучно со денешниот ден кога изнесува 120 сантиметри.

Инаку просечната вредност на водостојот на реката Пчиња за месец јануари изнесува 143 сантиметри.