Во Сирија приведен уште еден осомничен за нападот во Истанбул

Сподели со своите пријатели

Турските безбедносни сили уапсија уште еден осомничен во Сирија за терористичкиот напад во Истанбул, кога загинаа шест лица, објави турскиот телевизиски канал „А Хабер“.

Loading...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека ситуацијата во Истанбул е нормализирана по нападот.

„Уште еден терорист кој помогна да се изврши нападот е фатен во Азаз, на северот на Сирија“, се наведува во извештајот на турските безбедносни сили, пренесе РИА Новости.

Турските власти претходно објавија дека се уапсени неколку десетици осомничени, како и една Сиријка осомничена дека ја поставила бомбата.

Шест лица загинаа, а 81 се повредени во експлозијата што се случи во неделата во пешачката зона во центарот на Истанбул.