Овие седум работи сигурно ги правите секој ден, а немате поим зошто

Сподели со своите пријатели

Човечкото тело е комплексна целина со многубројни биолошки системи и циклуси, кои се тешки за разбирање дури и за нас самите.

Loading...

Телото мора да има одбранбени механизми и знаеме дека ги има, но никогаш не сме помислиле дека тие се всушност најобичните работи како зевање, кивање и истегнување.

7 работи кои ги правите и ви се случуваат секој ден, а не знаете зошто:

Проѕевање

Проѕевањето е начин да се олади мозокот откако бил изморен и префорсиран.

Кивање

Обично киваме кога носот ни е полн со честички на кои сме алергични, разни микроби или прашина. Кивањето е начин на кој телото се ослободува од овие непотребни ситни честички.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што е пејџер и како работи? Експлозии потсетуваат на заборавен уред!

Растегнување

Истегнувањето на телото и мускулите ни го подготвува телото за претстојниот ден. Така ги активирате сите мускули кои неколку часа мирувале, го поттикнувате струењето на крвта и го подобрувате расположението.

Икање

Кога јадете брзо, се случува да голтнете големи парчиња храна или да се прејадете, при што вашиот вагуснен нерв се иритира. Тој е тесно поврзан со стомакот и дијафрагмата и затоа резултира со икање.

Грчење при заспивање

Го знаете оној момент кога тонете, се опуштате и наеднаш се грчите и се будите за секунда.

Loading...

Овој феномен настанува заради тоа што дишењето се забавува, што значи и пулсот се намалува, а мускулите ви се релаксираат. За чудо, мозокот се обидува да ги прекине овие забавувања бидејќи ги смета како потенцијална смрт. Па, со грчењето се обидува да се врати во живот, односно ве буди од таквата состојба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сателитите Starlink на Маск ги попречуваат астрономските истражувања

Собирање на кожата на прстите

Овој феномен е предизвикан заради фактот што телото прима одредена количина влага и течности и сфаќа дека околината може да биде лизгава. Тогаш кожата на прстите се собира и брчка, за да ви го олесни држењето и движењето.

Плачење

Покрај тоа што солзите го штитат окото, во стресните ситуации, телото создава нов начин како да го одвлече вниманието на човекот од болката која моментално ја искусува.