Светските медиуми објавија дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров бил пренесен во болница по слетувањето на Бали каде што требало да присуствува на самитот на Г20.
Loading...
Од друга страна, Министерството за надворешни работи на Русија демантира дека шефот на руската дипломатија бил хоспитализиран.
Како што јави АП, повикувајќи се на неименувани дипломатски извори, на Лавров му била укажана лекарска помош, а еден од изворите тврди дека на Лавров му била укажана лекарска помош поради проблем со срцето.
Наскоро, министерството ги демантираше овие медиумски наводи.