Една година и два месеци е затворската казна која вчера и беше одредена на немилосрдната дадилка која малтретираше деветмесечно бебе во Скопје.
Одлуката во текот на вчерашниот ден ја сооштија надлежните од Основниот суд Скопје 1, а самото судење беше затворено за јавноста.
Адвокатот на дадилката вели дека истата се изјаснила дека не чувствува никаква вина и барал преквалификација на делото така што тврди дека бебето немало тешки телесни повреди.
Родителите на деветмесечното бебе ја ангажирале дадилката да го чува нивното бебе и воопшто не се сомневале дека истата го малтретира иако забележале модринки по неговото тело. Но дадилката го малтретирала затоа што било нервозно, невесело и врескало навечер, а таткото ја начекал дадилката и како го удира во пределот на лицето кога ненадејно влегол во станот на 20-ти август минатата година, но не реагирал мислејќи дека му се присторило.
Наредните денови за да го обезбеди својот дом поставил камери, но уврдил дека дадилката не се грижи за него, туку физички го малтретира, што јасно можеше да се види и на објавената снимка во јавност. Шеесет и едногодишната дадилка го малтретира и удира бебето, притоа викајќи, навредувајќи го при што го штипи и тегне за уши.
Видеото беше објавено на социјалните мрежи, а лавина негативни коментари не стигна само од Македонија туку од целиот регион. Сега повторно нови коментари по социјалните мрежи дека казната на дадилката е премногу блага.