Маск не исклучува банкрот на Твитер

Сподели со своите пријатели

Сопственикот на Твитер, Илон Маск, им рекол на вработените дека не е сигурен какви ќе бидат финансиските можности на компанијата и дека не е исклучен банкрот, пренесува Ројтерс.

Loading...

Ројтерс се обиде да стапи во контакт со Твитер за коментар, но соопшти дека нема одговор.

Новиот сопственик на „Твитер“, кој е и извршен директор на производителот на електрични возила „Тесла“ и на компанијата „Спејс Икс“, нагласи дека неодамна ги продал акциите на „Тесла“ за да го „спаси Твитер“.

Продажбата на акции во вредност од 19,5 милиони долари е направена по просечна цена од околу 202 долари по акција, наспроти 290 колку што беше вредноста на акциите во август.