Силен земјотрес во Јапонија

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5 степени ја погоди денеска јапонската префектура Ибараки, североисточно од Токио, но не е издадено предупредување за цунами, јавува Ројтерс повикувајќи се на Јапонската метеоролошка агенција.

Loading...

Засега нема извештаи за повредени или материјална штета, јави јавната телевизија NHK, пренесе Ројтерс.

Јапонски Тајмс објави, цитирајќи го националниот нуклеарен оператор Japan Atomic Power Co, дека не се пријавени никакви абнормалности во нуклеарната централа Токаи во префектурата Ибараки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На децата во Германија им е дозволено да пијат алкохол под родителски надзор, Германците сакаат да го забранат тоа