Ерменските вооружени сили ги бомбардираа воените позиции на азербејџанската армија на границата на двете земји, соопшти денеска Министерството за одбрана на Азербејџан.
Loading...
„Вчера од 19:35 до 21:50 часот по локално време, единица на вооружените сили на Ерменија од позиција во правец на Јухари Шоржа ги гранатираше позициите на азербејџанската војска во правец на населбите Молабајрамли и Безирхан во округот Калбајар, употребувајќи лесно оружје од различен калибар“, соопшти прес-службата на министерството, пренесе ТАС С.
Во соопштението се наведува дека единиците на азербејџанската армија презеле „соодветни мерки“ за да одговорат на нападот.