Во време кога светот навистина стана „глобално село“ и кога информациите патуваат во секунда, на светот се уште има луѓе кои успеваат да останат имуни на тоа.
Таква е и Агафја Ликова (71) од Русија, која долга низа години успешно живее во изолација во сибирските шуми, а од неа дури неодамна излегла, кога морала во болница поради болки во нозете.
Агафија е последната жива членка на семејството откриено уште во 1978 година. На нив до тогаш наишле геолозите и набргу откриле како никој во семејството нема претстава дека се случила Втората светска војна.
Ликовите и натаму живеат изолирано, а до најблискиот град има 100 километри. Ја опишуваат како најосамената жена во Русија чиј татко се преселил во дивината во 1936 година каде изградил дрвена колиба.
Семејството преживува јадејќи компири и печурки.