Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролоши работи.
До крајот на денот ќе биде значително облачно.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди.
Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од југ, односно југоисток.
Утринската температура ќе се движи околу 9 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 20 степени целзиусови.
Утре во кумановско ќе имаме облачно и ветровито време. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, односно југоисточен правец.
Температурата ќе биде во интервал од 9 степени во утринските часови, до максимални 18 во текот на денот.
Ноќта од сабота кон недела подрачјето на кумановско ќе биде зафатено со врнежи од дожд.
Во недела ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерне ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 7 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 14 степени целзиусови.
Од понеделник ќе имаме стабилизација на времето, но повеќе дневните максимуми нема да надминуваат 20 степени.
Никола Ивановски