Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро денеска ги повика камионџиите, кои протестираат против резултатите од претседателските избори, да ги деблокираат патиштата во таа земја.
Loading...
Поддржувачите на Болсонаро подигнаа стотици барикади на патиштата низ Бразил бидејќи одбиваат да ги признаат резултатите со кои левичарскиот кандидат Лула де Силва победи на претседателските избори, јавува Би-Би-Си.
Болсонаро рече дека блокирањето патишта не е дел од „легитимните“ протести и ги повика сите учесници да изберат други начини на демонстрации.
Протестите кои траат од неделата предизвикаа значителни нарушувања во транспортот на стоки и го забавија сообраќајот низ земјата, јавуваат бразилските медиуми.