УХМР најавува обилен дожд, засилен ветер и заладување

Сподели со своите пријатели

За време на викендот под влијание на циклонска активност од Медитеранот ќе преовладува облачно време со поремени врнежи од дожд.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни (над 35 л/м2), особено од сабота кон крајот на денот до недела претпладне.

Во сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 65 км/час) од југоисточен правец.

Дневната температура до недела насекаде ќе опадне за околу 10 степени.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Инцидент кај Серава: Непознат маж повлекол малолетно девојче