Ердоган бара Шолц да придонесе за заживување на пристапот на Анкара во ЕУ

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се надева дека „блискиот дијалог“ со германскиот канцелар Олаф Шолц ќе придонесе за ревитализација на процесот на пристапување на неговата земја во Европската унија.

Loading...

Во денешниот телефонски разговор со Шолц, Ердоган ја истакнаk потребата од „заживување на дијалогот меѓу Турција и Европската унија, потребата од пристапни преговори и разговори за ажурирање на царинската унија“, соопшти кабинетот на Ердоган.

Двајцата лидери разговарале и за руско-украинската војна и неодамнешните тензии меѓу Анкара и Грција, се наведува во соопштението на Канцеларијата.

Во 1999 година Турција беше прогласена за официјален кандидат за членство во ЕУ, но преговорите за членство беа замрзнати.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Експлозија во фабрика во Турција, најмалку 12 лица загинаа

Брисел потсетува на влошувањето на човековите права и владеењето на правото во Турција, особено по неуспешниот воен удар во 2016 година.

Минатиот месец, во извештајот на Европската комисија беше критикувана Анкара дека не постигнала напредок кон нејзината цел за пристапување во блокот, а во извештајот се наведуваат „сериозни недостатоци во функционирањето на турските демократски институции“.

Берлин, заедно со другите западни сојузнички земји, е отворен критичар на влошувањето на човековите права во Турција.