Одгледувањето опиум во Авганистан зголемено за над 30 отсто

Сподели со своите пријатели

Од почетокот на годината одгледувањето опиум во Авганистан е зголемено за 32 отсто, истакнува Канцеларијата на ОН за борба против наркотици и криминал (UNODC).

Loading...

„Авганистанските фармери се фатени во замката на илегалната економија на опијати, додека заплените низ Авганистан покажуваат дека трговијата со опијати не забавува“, рече извршниот директор на УНОДЦ, Гада Вали.

Забраната за одгледување афион, воведена од талибанската влада во април, придонесе за поскапување на опиумот, но немаше никакво влијание врз обемот на овогодинешната жетва, се вели во соопштението на Канцеларијата на ОН.

Според UNODC, чие седиште е во Виена, годинава, со 233.000 хектари, е регистрирана трета најголема површина што се користи за одгледување опиум од почетокот на мониторингот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Голема трагедија во Мексико: 21 лице загина во судир на три возила (ВИДЕО)

Речиси три четвртини од опиумот во Авганистан, 73 отсто, доаѓа од југозападниот дел на земјата.

„Меѓународната заедница мора да се грижи за акутните потреби на населението во Авганистан и да ги спречи криминалните групи кои тргуваат со хероин и со тоа им нанесуваат штета на луѓето ширум светот“, побара Вали.

Опијатите од Авганистан, според ОН, доминираат на меѓународниот црн пазар и сочинуваат 80 отсто од сите испораки во светот.

UNODC посочува дека кога Талибанците ја презедоа власта во август минатата година и формираа влада, немаше прекин во извозот на наркотици, пренесе Танјуг.

Loading...

За време на војната во Авганистан од 2001 до 2021 година, талибанците ја контролираа и оданочуваа трговијата со опиум.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Откриена саботажа со бомба во Германија: Украинци подготвувале напади по наредба на Русија?

Забраната за одгледување афион, која беше воведена во април, се сметаше за обид на талибанците да добијат меѓународно признание, но прашање, според UNODC, е колку строго ќе ја применуваат мерката.