Приведени криумчари од кумановско, пронајдени мигранти од Куба

Сподели со своите пријатели

Две лица од кумановското село Сопот биле приведени вчера откако во нивното возило биле пронајдени мигранти од Куба.

Loading...

– На 31.10.2022 во 11.40 часот во с.Сопот, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода М.Б.(26) и С.М.(28), двајцата од с.Сопот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, при преглед во возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, во кое биле двајцата, биле пронајдени четири лица мигранти од Куба, од кои еден малолетник.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  23-годишен кумановец возел пијан, полицијата го привела

По целосно расчистување и документирање на случајот, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски