Објавена снимка од застрашувачкиот момент на пукање на мостот во Индија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку 141 лице загинаа во Индија откако мост стар 100 години се урна и падна во реката Мачха.

Loading...

Беа објавени и снимки од надзорните камери кои го покажуваат застрашувачкиот момент кога мостот се урна, при што стотици луѓе загинаа.

Голем број спасувачки служби сѐ уште се на терен и ја испитуваат областа за потенцијално да пронајдат уште десетици луѓе кои исчезнаа при уривањето на мостот.

Властите тврдат дека мостот може да издржи тежина од 120-125 луѓе, но очевидци тврдат дека во моментот на пукањето на мостот имало меѓу 450-500 луѓе.

Надзорните снимки покажаа како непосредно пред уривањето, поголема група луѓе се обиделе да го „занишаат“ висечкиот мост, поради што најверојатно тој пукнал.

– Само што требаше да стапнам на мостот кога слушнав силен звук и видов како мостот се урива. Веднаш истрчавме на безбедно, додека многумина паднаа во водата или останаа заробени – рече сведокот.

Друг сведок изјави дека мостот бил преполн.

– Каблите пукнаа и мостот се сруши за неколку секунди. Луѓето паднаа еден врз друг и во реката – рече тој.

Loading...

Инаку, овој мост беше реновиран шест месеци порано, а беше отворен само четири дена пред трагичната несреќа, за време на хинду фестивалот на светлата Дивали, кој се славеше викендов.