Жена која родила 11 деца од 8 различни мажи им возврати на критичарите кои ја обвинија дека има толку многу деца само за да може да живее од алиментација и детски додаток.
Фи, од Мемфис, наиде на вирална популарност на ТикТок, каде често споделува детали за нејзиниот живот со 11 деца.
Но, поради тоа често е мета на тролови, од кои некои истакнуваат дека ги жалат нејзините деца, додека други се прашуваат дали таа има деца за да ги искористи.
Така, мајката одговорила со споделување видео од наводни судски документи кои покажуваат дека таа заработува само 10 долари месечно по дете како издршка.
@phieudoraa Replying to @its_michon ♬ Funny Laugh no no no – Sound Effect
Изгледа дека на оваа жена не влијаат негативните коментари. На секого му одговара со сарказам, па во друго видео вели дека „сака да има уште 19 деца за да го заокружи бројот на 30“.
„Тешко ми е да објаснам зошто родив 11 деца со осум мажи. Ќе ви објаснам сега за да не ме прашувате повторно. Ако имате едно и одземете едно, останувате со нула. Но, ако имаш осум и одземаш три, имаш уште пет. Да имам само еден маж и ако тој замине или умре, моите деца не би имале татко,” рече таа.
@phieudoraa #answer to @kalasoo like duhhhh yall gotta do the math… #babydaddyproblems #babymamachallenge #babymamatiktok ♬ original sound – PhiPhi🍭
На некои и тоа не им е доволно, па продолжија безмилосно да ја исмеваат во коментарите, дури и споредувајќи ја со Ник Кенон, кој има 10 деца со шест различни жени, а моментално го чека 11-тото дете.
„Побогу, престанете да се размножувате“, „Не се покемони што треба да ги соберете сите“, „Во одредени моменти треба да користите контрола на раѓање“, „Ова што го правите е криминал“, ова се дел од мислењата…