Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно сончево и релативно топло, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 22 до  7 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и релативно топло време за овој период од годината. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен, односно северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 7 степени, а максималната дневна ќе достигне до 22 степени целзиусови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово објави повик за субвенции за приклучок на гасоводната мрежа

 

 

Исти временски услови, но со слаб ветер од југ, односно југоистк ќе имаме и утре. Дневниот максимум повторно ќе биде висок со 22 степени.

Сончево и уште потопло време може да очекуваме во среда. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската темература ќе се движи околу 8 степени, а максималната дневна се очекува да се искачи до 23 степени целзиусови.

Четврток носи благ пад на дневната температура, но времето и натаму ќе биде сончево и натпросечно топло за овој период од годината. Ќе дува слаб до умерен северен, односно северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 6 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 20 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Опасна шема на измама во Куманово – мета повозрасните граѓани

 

Loading...

 

Во петок ќе имаме слично време и повторно максимални 20 степени целзиусови.

Сабота носи претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу четири степени, а дневниот максимум се очекува да се искачи до 19.

Ноќта од сабота кон недела се очекуваат врнежи од дожд.

Недела носи облачно и врнежливо време со пад на дневната температура. Ќе дува умерен до засилен ветер од север, односно северозапад, кој на моменти ќе достигне и брзина од 50 километри на час. Температурата во утринските часови ќе се движи околу четвртиот степен, а дневниот максимум се очекува да достигне до 14 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Што носи почетокот на февруари?

Врнежите ќе престанат ноќта кон понеделник.

 

Loading...

 

Следната работна недела носи суво време, но максималните температури ќе бидат во опаѓање.

Никола Ивановски