Куманово денеска е под целосна полициска блокада поради присуството на премиерите на Македонија и Бугарија.
Loading...
И од земја и од воздух денеска беше обезбедуван преминот на бугарската делегација предводена од премиерот Галеб Донев низ кумановско.
На земја беа затворени бројни приоди на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, а целиот конвој автомобили го надлетуваше хеликоптер.
Премиерите Донев и македонскиот Димитар Ковачевски од 12 часот присуствуваат во кумановски Шупли Камен на oтпочнување со градба на источен дел од железничкиот Коридор 8, секција Куманово – Бељаковце – Крива Паланка.
Никола Ивановски