Од 2035 година ЕУ забранува продажба на дизел и бензин автомобили

Сподели со своите пријатели

Преговарачите на Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за закон со кој се предвидува забрана за продажба на нови возила со мотор со внатрешно согорување од 2035 година.

Loading...

Тој договор предвидува дека во ЕУ од 2035 година повеќе нема да се продаваат нови автомобили на бензин и дизел и лесни комерцијални возила, како и хибридни возила, во корист на 100 отсто електрични возила.

Советот на ЕУ и Европскиот парламент синоќа постигнаа привремен договор за ревидирани цели за намалување на емисиите на јаглерод диоксид за новите патнички и лесни комерцијални возила.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се ограничува маржата на 10 проценти, а опфатени се 100 продукти

Преговарачите на ЕУ постигнаа договор со земјите-членки за првичниот предлог на Европската комисија.

Предлогот датира од 2021 година, а предвидува постигнување мобилност на патишта со нулта емисија на штетни гасови до 2035 година.

Договорот е дел од напорите на ЕУ кон мобилност со нулта емисија, што може да значи крај на автомобилите со SUS мотори во Унијата.

Одлуката ќе биде разгледана за четири години. Забраната за продажба е дел од климатскиот пакет на ЕУ, со кој планира до 2030 година да ги намали емисиите на штетни гасови за 55 проценти во однос на нивото од 1990 година, а до 2050 година да биде климатски неутрален.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се ограничува маржата на 10 проценти, а опфатени се 100 продукти

Преговарачите, Парламентот и земјите-членки, исто така, мораа да најдат начин да ја олеснат транзицијата за автомобилскиот сектор.

Loading...

Автомобилската индустрија директно или индиректно вработува повеќе од 13 милиони Европејци, или седум отсто од пазарот на трудот во ЕУ, според Европската асоцијација на производители.

Парламентот побара создавање на таков транзициски фонд, особено за да се подобри влијанието врз вработувањето.