Унгарија ќе ги ограничи цените на некои производи во наредните недели

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска најави дека владата ќе ги прошири ценовните ограничувања за некои други основни прехранбени производи и гориво во наредните недели.

Loading...

Инфлацијата во Унгарија се искачи на повеќе од 20 отсто во септември, надминувајќи ги очекувањата на пазарот, предводена од скок на цените на храната за 35,2 отсто и скок на цените на енергијата од 62,1 отсто, откако владата на Орбан ги намали субвенциите за комунални сметки за некои домаќинства, пренесува Ројтерс.

Во интервју за Radio Kossuth, Орбан рече дека „сите аспекти на економската политика“ мора да бидат во функција на ограничување на растот на цените и намалување на инфлацијата на едноцифрена проценка до крајот на следната година, што може да вклучи и можно продолжување на ограничувања на цената за некои стоки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европските индекси во пораст по одлуката на ФЕД да ги намали каматните стапки

„Затоа во следните недели континуирано ќе носиме одлуки за проширување на листата на производи со централно регулирани цени. “, додаде тој без да навлегува во детали.

Унгарскиот премиер, како што јави агенцијата МТИ, изјавил дека каматните стапки на корпоративните кредити ќе бидат ограничени на 7,7-8,0 отсто и дека банките ќе треба да ги апсорбираат трошоците поврзани со тоа.

Орбан остро ги критикуваше санкциите на Европската унија против Русија за нејзината инвазија на Украина, велејќи дека тие не успеаја значително да ја ослабат Москва и истовремено предизвикаа зголемување на цените на храната и енергијата.

Тој, исто така, го критикуваше механизмот за солидарност на ЕУ, кој има за цел да избегне остри разлики во снабдувањето со гас за земјите од Европската унија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Челникот на Мајкрософт: Најопасниот момент за претседателските избори во САД е 48 часа пред тоа

Унгарија ја отфрла идејата за задолжително учество во тој механизам, бидејќи тоа би значело дека, откако ќе обезбеди доволно гас за покривање на годишната потрошувачка, земјата ќе мора да снабдува и други земји кои немаат доволно гас поради санкциите воведени кон Русија.

Loading...

Орбан рече дека Унгарија е во состојба да си обезбеди сопствено снабдување со гас, „за разлика од западњаците“.

„Имаме поголеми можности сами да обезбедиме гас отколку да чекаме други“, изјави тој, објаснувајќи зошто Унгарија се противи на заедничко купување гас на ниво на Европската унија. Унгарија, вели тој, само би загубила со ваква програма, па затоа го поддржува доброволното учество.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поплави на северот на Италија: „Ситуацијата е многу драматична“ (ВИДЕО)