Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека очекува да бидат почести повиците на Европската унија за прекин на огнот во Украина и дијалог меѓу завојуваните страни.
Тој во интервју за унгарското државно радио рече дека на последниот самит на ЕУ се зголемиле тензиите меѓу земјите членки, но и дека се погласни се барањата за мирно решение на украинската криза, пренесува МТИ.
„Здравиот разум ќе надвладее порано или подоцна“, рече тој.
Тој додава дека долгорочно решение меѓу Украина и Русија може да се постигне само преку договор.
„Завршувањето на војната без јасен договор само ќе го одложи за годините што доаѓаат“, рече Орбан, пренесе Танјуг.
Премиерот посочи дека западните земји кои ја поттикнаа војната ќе мора да ги платат сметките за обнова на Украина.
„Тоа е незамисливо голема бројка“, нагласи Орбан.
Орбан заклучил дека Украина и пред војната не можела самостојно да заработи доволно пари за да го финансира нормалното функционирање на земјата и дека по конфликтот сигурно ќе биде во уште поголеми економски проблеми.